ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАТИ ВО ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

    ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАТИ ВО ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГАВо Битола следната сезона ќе се игра прволигашки фудбал (Фото: СДК.МК)

    Фудбалскиот клуб Пелистер ѝ донесе радост на спортска Битола. Со победата над Башкими со 2:1 на вчерашното гостување во Куманово, битолските фудбалери обезбедија пласман во Првата фудбалска лига.

    Од Пелистер соопштија дека фудбалерите играа максимално мотивирано, со оглед на тоа дека бод им беше доволен за враќање во Првата лига.

    Првото полувреме донесе многу акција. Домаќинот постигна гол во првите минути и поведе со 1:0, но тоа не ги онерасположи нашите момци. Михаил Талевски израмни на 1:1, а пред крајот на полувремето капитенот Благоја Љамчевски донесе комплетен пресврт и водство. Со овој погодок Пелистер го затвори приодот кон својот гол и смирено го доврши натпреварот“, соопштија од клубот.

    За жал, со повреда на клучната коска се здоби еден од најталентираните млади фудбалери во Македонија, Михаил Талевски. Него го чека двомесечен процес на закрепнување пред да се врати на фудбалските терени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира