Еден од најдобрите фудбалски голмани на својата генерација Петр Чех објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната. Триесет и шестгодишниот Чех го брани голот на Арсенал од 2015 година, кадешто дојде по 11 успешни сезони во Челзи.
„Во Премиерлигата играм 15 години и ги освоив сите можни трофеи, така што мислам дека постигнав сѐ што можеше да се постигне“, изјави Чех.
Неговата кариера беше доведена во прашање откако претри скршеница на черепот на средбата со Рединг во 2006 година и оттогаш играше со заштита за главата.
„Ова е мојата 20. сезона како професионален фудбалер и мислам дека е време да се повлечам. Едвај чекам да видам што ми носи животот надвор од теренот“, додаде Чех.
Тој освои 13 трофеи со Челзи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, откако пристигна од француски Рен во 2004 година и со 228 мечеви без примен гол е клупски рекордер. Дресот на репрезентацијата на Чешка го носеше 124 пати.