ПЛИВАЧКАТА ШАМПИОНКА КИРСТИ КОВЕНТРИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ КАКО ПРВА ЖЕНА НА ОВАА ФУНКЦИЈА

    ПЛИВАЧКАТА ШАМПИОНКА КИРСТИ КОВЕНТРИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ КАКО ПРВА ЖЕНА НА ОВАА ФУНКЦИЈАСо 41 година Ковентри е најмладиот шеф на МОК во историјата (Фото: АП)

    Министерката за спорт на Зимбабве Кирсти Ковентри е избрана за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), станувајќи прва жена и прва личност од Африка на оваа функција. Некогашната олимписка и светска шампионка во пливање го наследува Томас Бах, кој беше на функцијата од 2013, а со 41 година ќе биде и најмладиот шеф на МОК во историјата.

    Ковентри беше еден од седумтемина кандидати на денешните избори и обезбеди мнозинство од 49 од можни 97 гласови уште во првиот круг на гласањето. Таа ќе го води светскиот спорт најмалку осум години.

    Зимбабве има освоено осум олимписки медали, од кои седум му донесе Ковентри. Таа беше шампионка на 200 метри грбно на олимпијадите во 2004 и 2008 година, а има и четири олимписки сребра и една бронза.

    Младата девојка која прво почна да тренира пливање во Зимбабве никогаш не можеше да замисли еден ваков момент. Горда сум што сум првата жена претседател на Меѓународниот олимписки комитет и исто така прва од Африка. Со ова денеска го пробивме таванот и целосно сум свесна за моите одговорности“, изјави Ковентри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира