ПО 104 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ШТИПСКИОТ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА ЦЕЛОСНО СЕ ПРИВАТИЗИРАШЕ, НОВ СОПСТВЕНИК Е БИВШИОТ ТУРСКИ ФУДБАЛЕР МУРАТ ШАМИЛ ШЕН

    ПО 104 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ШТИПСКИОТ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА ЦЕЛОСНО СЕ ПРИВАТИЗИРАШЕ, НОВ СОПСТВЕНИК Е БИВШИОТ ТУРСКИ ФУДБАЛЕР МУРАТ ШАМИЛ ШЕННовиот инвеститор Шен кажа дека покрај некои други бизниси во Македонија, решил да вложи и во спортот (Фото: СДК.МК)

    По 104 години постоење како фудбалски клуб на градот, штипска Брегалница сега е во приватна сопственост. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Штип Иван Јорданов објави дека штипскиот фудбалски клуб е во сопственост на бившиот турски фудбалски репрезентативец Мурат Шамин Шен.

    Новиот инвеститор кажа дека покрај некои други бизниси во Македонија, решил да вложи и во спортот. Одлуката била за фудбалот и кошарката. За кошарката не кажа ништо конкретно, додека во фудбалот рече дека без многу двоумење се одлучил за ФК Брегалница, која има вековна традиција и публика која го сака својот клуб.

    Јас сум играл за повеќе звучни фудбалски клубови во Турција, Германија и Емирати и моето искуство ми говори дека Брегалница има најдобри предиспозиции, заедно со наша поддршка, брзо да влезе во Првата лига“, рече Шен.

    Јорданов кажа дека сите правно-формални работи околу овие трансформации ќе се случат наредните денови со конечни одлуки на Советот на Општина Штип.

    Во првичните разговори со новите сопственици се договоривме при селекцијата на кадрите за било кое место во клубот предност да имаат луѓе кои се или потекнуваат од Штип оти тие најмногу ќе се грижат клубот да има добри резултати“, кажа Јорданов и додаде дека Општината повеќе нема да ја финансира првата екипа, но ќе ги помага младинските категории.

    Тој најави дека на Градскиот стадион во Штип наскоро ќе почне изградбата на втората трибина и ќе се изврши санација на теренот. За 12 септември е најавен ревијален натпревар под рефлектори помеѓу ветераните на Црвена Звезда и Брегалница.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира