ПО ВЕЛЕСЛАЛОМОТ, ЈАНА АТАНАСОВСКА НЕ ГО ЗАВРШИ И ОЛИМПИСКИОТ СЛАЛОМ

    ПО ВЕЛЕСЛАЛОМОТ, ЈАНА АТАНАСОВСКА НЕ ГО ЗАВРШИ И ОЛИМПИСКИОТ СЛАЛОМСо 19 години, Атанасовска беше најмлада во македонскиот олимписки тим (Фото: МОК)

    Младата македонска скијачка Јана Атанасовска остана без пласман на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

    Откако не го заврши велеслаломот пред два дена, Атанасовска не стигна на целта и на денешниот олимписки слалом. Таа направи грешка по самиот старт на првото возење и со тоа многу рано го заврши настапот.

    Со 19 години, Атанасовска беше најмлада во четиричлениот македонски олимписки тим, кој со ова го заврши учеството на ЗОИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира