ПО ВЕЛЕСЛАЛОМОТ, РИСТЕВСКИ НЕ ГО ЗАВРШИ НИ СЛАЛОМОТ ВО ПЈОНГЧАНГ

    ПО ВЕЛЕСЛАЛОМОТ, РИСТЕВСКИ НЕ ГО ЗАВРШИ НИ СЛАЛОМОТ ВО ПЈОНГЧАНГБез пласман на својата трета олимпијада. - Антонио Ристевски

    Најдобриот македонски скијач Антонио Ристевски не успеа да оствари пласман и во својот втор настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

    Ристевски беше меѓу 106-темина скијачи кои се појавија на стартот на слаломската трка, но не успеа да го заврши ниту првото возење.

    Идентичен настап тој имаше и во велеслаломот претходно, кога, исто така, не стигна на целта во првата трка.

    Ова беше трета олимпијада за Ристевски, но досега може да се пофали само со два пласмана. Во 2010 година во Ванкувер беше 53. на велеслаломот, но не го заврши првото слаломско возење, додека четири години подоцна во Сочи стигна до 29. место во слаломот, а остана без резултат во другата техничка дисциплина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира