ПОЧИНА ФУДБАЛЕРОТ И ТРЕНЕР СИНИША МИХАЈЛОВИЌ

    ПОЧИНА ФУДБАЛЕРОТ И ТРЕНЕР СИНИША МИХАЈЛОВИЌМихајловиќ беше тренер во Болоња. (Фото: АФП)

    Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми. Михајловиќ беше југословенски репрезентативец и дел од тимот на Црвена звезда кој ја освои титулата во Лигата на шампионите во 1991, во кој играше и македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев.

    Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше селектор на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг Лисабон и Болоња. Кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил првите чекори како играч. Се пензионираше во 2006.

    Тренерската кариера ја започна како помошник на Роберто Манчини во Интер. Потоа се пресели во Болоња, која му беше прва и последна тренерска позиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира