На 75 години почина Кевин Киган, еден од најтрофејните англиски фудбалери и двократен освојувач на Златната топка. Тој пред неколку недели објави дека боледува од рак во најнапредна фаза.
Во текот на својата кариера, Киган играше за Ливерпул, Хамбургер, Саутемптон и Њукасл и беше капитен и селектор на Англија.
Првите големи успеси ги оствари со Ливерпул, со кој беше трикратен првак на Англија и го освои Купот на европските шампиони во периодот од 1971 до 1977 година.
Потоа направи трансфер во Хамбургер, со кој ја освои титулата во Бундеслигата и две години по ред беше прогласуван за најдобар европски фудбалер (1978 и 1979).
Играчката кариера ја заврши во 1985, по што беше тренер на Њукасл, Фулам и Манчестер сити. Како селектор ја предводеше Англија на Европското првенство во 2000, но набргу потоа поднесе оставка.
За репрезентацијата на Англија постигна 21 гол на 63 натпревари, играјќи и на СП 1982.



