Натпреварите од Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе се играат во четири временски зони, на локации оддалечени до 4.500 километри, па ќе има 13 различни времиња на нивниот почеток. Тоа значи дека за гледачите во Европа, голем дел од натпреварите ќе се играат од полноќ, па натаму.
Така, сите пет натпревари од групната фаза во Канзас Сити ќе се играат среде ноќ по средноевропско време, при што најраниот почеток е во еден часот, а најдоцниот во четири часот.
Сан Франциско е домаќин на два натпревара кои ќе започнат во шест часот, Австрија против Јордан и Турција против Парагвај. Во овој термин ќе има и натпревари во Ванкувер (Австралија-Турција) и во Гвадалупе, Мексико (Тунис-Јапонија).
Вкупно ќе има 35 мечеви од групната фаза кои ќе започнат меѓу еден и шест часот по средноевропско време, што е речиси половина од 72-та натпревари од таа фаза. Сепак, најчестото време на почеток е 21 часот по средноевропско време, кога ќе се играат 12 натпревари од групната фаза.
Првото светско првенство чии организатори се три држави ќе трае од 11 јуни до 19 јули. Финалето ќе се игра во Њу Џерси од 21 часот.



