ПРАВНУКОТ НА МУСОЛИНИ ПРВПАТ СЕ НАЈДЕ ВО ТИМОТ НА ЛАЦИО, НО НЕ ДОБИ ШАНСА ДА ДЕБИТИРА

    ПРАВНУКОТ НА МУСОЛИНИ ПРВПАТ СЕ НАЈДЕ ВО ТИМОТ НА ЛАЦИО, НО НЕ ДОБИ ШАНСА ДА ДЕБИТИРАРомано Флоријани Мусолини е син на политичарката Алесандра Мусолини (Фото: АФП)

    Правнукот на некогашниот италијански фашистички лидер Бенито Мусолини првпат се најде во тимот на Лацио, но остана на клупата на синоќешниот натпревар со Верона во Серија А.

    Осумнаесетгодишниот Романо Флоријани Мусолини го потпиша првиот професионален договор со римскиот клуб во март. Тој игра како страничен дефанзивец или во средниот ред, а во младите категории на Лацио дојде од локалниот ривал Рома.

    Тој е третото дете на Алесандра Мусолини и нејзиниот сопруг Мауро Флоријани и вели дека политиката не го интересира. Алесандра е поранешна пратеничка на партијата Форца Италија во Европскиот парламент, додека другата правнука на Мусолини, Ракеле, неодамна го освои вториот мандат како градска советничка во Рим.

    Мала група навивачи на Лацио, позната како „Ултрас“, често му изразува поддршка на фашистичкото движење преку транспаренти на стадионот „Олимпико“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира