Македонскиот олимписки комитет и Федерацијата за пинг-понг на Македонија во Штип го отворија првиот пионерско-младински центар за пинг-понг во државата.
Како што рекоа претседателот на МОК Васил Тупурковски и првиот човек на Федерацијата Горан Тиловски, вакви центри наскоро ќе се отворат и во Прилеп, Крива Паланка и во Скопје, а потоа и во останати градови во Македонија, кога ќе се создадат услови за тоа.
Првата пионерско-младинска школа за пинг-понг ќе работи под водство на Ване Барбареев, помогнат од неговите брат и татко Кире и Трајче, тројца долгогодишни македонски шампиони во пинг-понг.
Тупурковски и генералниот секретар на МОК Сашо Поповски најавија дека е предвидено центрите да добијат маси и останат инвентар и помагала за овој спорт, а МОК ќе ги поддржува и на сите домашни и меѓународни турнири во пинг-понг.
Според нив, најважно е да се создаде база, која подоцна ќе резултира со квалитетен пинг понг, кој стана олимписка дисциплина во 1988 година во Сеул.
Т. ЈОВАНОВСКИ