Првпат во историјата на македонскиот фудбал еден натпревар во машка конкуренција го судеа три жени, а жена беше и делегат. Тоа се случи во последното коло на Третата фудбалска лига, на мечот Слога-Светлост во Виница, што домашниот тим го доби со 6:0.
Главна судијка беше Виолета Јанчева од Гевгелија, а ѝ помагаа Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Александра Спасова од Свети Николе. Во улогата на делегат беше Гордана Кочева, која во записникот напишала дека натпореварот бил фер и коректен. Со право судијките двапати досудиле пенал, а бил покажан само еден жолт картон.
Досега повеќе судијки во Македонија ја делеле правдата на прволигашки и второлигашки натпревари, а најистакнатата Ива Пројковска има и меѓународна репутација.
Т. ЈОВАНОВСКИ