РАКОМЕТАРИТЕ ТЕШКО ЈА ПОБЕДИЈА ЦРНА ГОРА ЗА ПЛАСМАН ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ ТЕШКО ЈА ПОБЕДИЈА ЦРНА ГОРА ЗА ПЛАСМАН ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОСо четири бода по првите две кола, Македонија е лидер во Ц-групата во Загреб

    Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Црна Гора со 29:28, со што го потврдија пласманот во вториот круг на Европското првенство во Хрватска.

    Со четири бода по првите две кола, Македонија е лидер во Ц-групата во Загреб и тоа ќе се обиде да го одбрани на натпреварот со актуелниот шампион Германија в среда (18.15 часот), за што ќе ѝ биде доволен и бод.

    Како и против Словенија во саботата, Македонија уште еднаш тешко дојде до бодовите, не успевајќи во ниту еден момент целосно да го скрши отпорот на Црногорците.

    Избраниците на Раул Гонсалес имаа највисоко водство од четири гола во средината на второто полувреме, но ниту тоа не се покажа доволно за помирен финиш на натпреварот.

    Извонредна партија одигра младиот Филип Кузмановски, кој постигна пет гола, сите во вторите 30 минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира