ХОСЕ АНТОНИО РЕЈЕС ЗАГИНАЛ ОТКАКО МУ ПУКНАЛА ГУМА ПРИ БРЗИНА ОД 237 КМ/ЧАС

    ХОСЕ АНТОНИО РЕЈЕС ЗАГИНАЛ ОТКАКО МУ ПУКНАЛА ГУМА ПРИ БРЗИНА ОД 237 КМ/ЧАСРејес ќе биде погребан денеска во родниот град Утрера (Фото: Ројтерс)

    Бившиот шпански фудбалски репрезентативец Хосе Антонио Рејес загина откако изгубил контрола врз својот „мерцедес“ кога му пукнала гума при брзина од 237 километри на час, се вели во првичниот извештај на полицијата. Тој наводно возел 112 км/час повеќе од дозволеното.

    „Мерцедесот“ на Рејес целосно изгоре во несреќата

    Покрај Рејес, на самото место починал и негов 23-годишен роднина, а вториот сопатник претрпил тешки изгореници во несреќата што се случи во саботата напладне, на автопат во близина на Севилја.

    Се верува дека моќното спортско возило „мерцедес брабус С550В“ удрило во бетонски блокови покрај патот, по што се превртело и запалило.

    Рејес (35) се враќал од тренинг на својата екипа Екстрамадура и ќе биде погребан денеска во родниот град Утрера. Тој ја почнал кариерата во Севилја и потоа освојуваше трофеи и со Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира