САРА ДУРАКУ ОСВОИ БРОНЗА НА ТРКАТА НА 100 МЕТРИ, ПЕТТИ МЕДАЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИ

    САРА ДУРАКУ ОСВОИ БРОНЗА НА ТРКАТА НА 100 МЕТРИ, ПЕТТИ МЕДАЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИПетти медал за нашиот тим на игрите во Абу Даби 2019. - Сара Дураку (Фото: Фејсбук)

    Атлетичарката Сара Дураку од Специјалната олимпијада Македонија денес освои бронзен медал во трката на 100 метри на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати.

    Ова е петти медал за тимот на Специјалната олимпијада Македонија, откако завчера Марио Мицковски и Стефан Трпковски освоија златни медали во пливање на 50 метри слободен стил, а вчера атлетичарот Ардијан Шабани освоил сребрен медал во трката на 25 метри, и бронзен медал на трката на 50 метри.

    Специјалната олимпијада Македонија на социјалните мрежи објави златните медали се првите медали на учесниците од нашиот тим кој има 26 члена, и фотографии од момчињата со нивниот тренер Горан Андоновски. Вчера и денес објавија фотографии од атлетичарите кои освоија медали со нивниот тренер Ифраим Лута.

    Летните олимписки игри Абу Даби 2019 се одржуваат од 14 до 21 март, со над 7.000 учесници од 190 земји, кои се натпреваруваат во 24 спортови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира