САШКО КЕДЕВ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ ШТО СЕ ИСКАЧИ НА СИТЕ 14 ВРВОВИ НАД 8.000 МЕТРИ И НА СЕДУМТЕ НАЈВИСОКИ КОНТИНЕНТАЛНИ ВРВОВИ

    САШКО КЕДЕВ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ ШТО СЕ ИСКАЧИ НА СИТЕ 14 ВРВОВИ НАД 8.000 МЕТРИ И НА СЕДУМТЕ НАЈВИСОКИ КОНТИНЕНТАЛНИ ВРВОВИПоследното искачување во неговиот поход беше на Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан.

    Д-р Сашко Кедев испиша историја, станувајќи првиот и единствен Македонец кој ги освоил сите 14 врвови во светот повисоки од 8.000 метри, како и седумте највисоки врвови на секој континент. Со овој подвиг, тој комплетираше едно од најелитните достигнувања во високопланинскиот алпинизам.

    Последното искачување во неговиот поход беше на Гашербрум I (8.080 метри), каде што утрово во 10:44 часот по пакистанско време застана на врвот. Со тоа, 63-годишниот Кедев, кој го прослави својот роденден на 6 јули, се приклучи на малубројната група светски алпинисти кои ги имаат искачено сите 14 осумилјадници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира