СЕКС ЗВУЦИ ГО НАРУШИЈА ИЗВЛЕКУВАЊЕТО ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

    СЕКС ЗВУЦИ ГО НАРУШИЈА ИЗВЛЕКУВАЊЕТО ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛИталијанскиот голман Џиџи Буфон беше еден од домаќините на извлекувањето во Хамбург. (Фото: УЕФА)

    Извлекување на групите за Европското првенство во фудбал стана најновиот настан нарушен од „секс звуци“ откако порнографски звуци се слушаа додека учесниците чекаа да ги дознаат противниците на турнирот во Германија следната година.

    Гласни звуци од стенкање се слушнаа во неколку наврати додека се одвиваше извлекувањето во концертна сала во Хамбург.

    „Има некаков звук тука… што сега престана“, кажа домаќинот на извлекувањето и функционер на УЕФА Џорџо Маркети при извлекувањето на Швајцарија во групата А, заедно со Германија, Шкотска и Унгарија.

    Сепак, звуците повторно се слушаа кога Италија беше извлечена во групата Б, заедно со Шпанија, Албанија и Хрватска.

    Англискиот селектор Герет Саутгејт беше прашан за звуците по извлекувањето.

    „Слушнав нешто и не ми требаше многу да претпоставам дека некoj се шегува, но не можев баш да сфатам за што точно се работи“, одговори тој.

    Инфлуенсерот на социјалните мрежи Даниел Џарвис ја презеде одговорноста за шегата.

    „Успеавме, влеговме таму. Секс звуци на извлекувањето за Еуро 2024. Ве сакам сите“, објави тој.

    Џарвис претходно направи сличен инцидент за време на преносот на „Би-Би-Си“ од ФА купот меѓу Вулверхемптон и Ливерпул во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира