ШПАНЕЦОТ ЕМЕРИ Е НАСЛЕДНИКОТ НА ВЕНГЕР НА КЛУПАТА НА АРСЕНАЛ

    ШПАНЕЦОТ ЕМЕРИ Е НАСЛЕДНИКОТ НА ВЕНГЕР НА КЛУПАТА НА АРСЕНАЛПочнува ново поглавје во историјата на клубот. - Унај Емери

    Арсенал и официјално потврди дека Шпанецот Унај Емери ќе биде наследникот на Арсен Венгер на тренерската клупа.

    Легендарниот француски тренер отстапи по завршувањето на сезоната, откако цели 22 години го водеше Арсенал.

    Четириесет и шестгодишниот Емери стана угледно тренерско име откако ја предводеше Севилја до три едноподруго титули во Лига Европа, а последните две сезони беше тренер на ПСЖ, но таму не ги оправда високите очекувања.

    „Пресреќен сум што доаѓам во еден од најголемите клубови во фудбалот. Арсенал е сакан низ целиот свет поради стилот на својата игра, посветеноста кон развојот на млади играчи и фантастичниот стадион. Возбуден сум што ми е дадена шанса да го почнам новото поглавје во историјата на клубот“, изјави Емери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира