СКИЈАЧИТЕ ОД МЕКСИКО, ЕКВАДОР, БРАЗИЛ И ТОНГА ГО СЛАВЕА ОЛИМПИСКИОТ ДУХ СО ШАМПИОНОТ КОЛОЊА

    СКИЈАЧИТЕ ОД МЕКСИКО, ЕКВАДОР, БРАЗИЛ И ТОНГА ГО СЛАВЕА ОЛИМПИСКИОТ ДУХ СО ШАМПИОНОТ КОЛОЊАМексиканецот Херман Мадрасо пристигна на целта 26 минути по победникот Диего Колоња, но тоа не беше важно (Фото: ДПА)

    Новиот олимписки шампион Диего Колоња им оддаде почит на скијачите од егзотичните зимски нации, како Мексико, Тонга и Еквадор, со што трката на 15 километри во Пјонгчанг се претвори во голема прослава на олимпискиот дух.

    Последен на целта пристигна Мексиканецот Херман Мадрасо, по што беше кренат на раменици од други скијачи, вклучувајќи го и Колоња. Тој му честиташе и на Тонгоанецот Пита Тауфатофуа што го остварил својот олимписки сон, потсетувајќи на гестот на легендарниот Бјерн Дели, кој на Олимпијадата во Нагано во 1998 го пречека во целта Кениецот Филип Боит.

    Без разлика што на Мадрасо му требаа 26 минути повеќе од Колоња за да ја заврши трката, тој влезе во целта со високо кренато мексиканско знаме, додека публиката го отпоздравуваше.

    „Убаво е да се видат сите овие скијачи од повеќе од 60 нации. Ние се бориме за медали, но некои се водат исклучиво од олимпискиот дух и тоа е прекрасно“, кажа Колоња.

    На трката настапија и Бразилецот роден во фавела Виктор Сантос и Еквадорецот Клаус Јунгблут Родригес.

    „Многу сум среќен, ова беше мој голем сон и сметам дека е големо постигнување што за првпат ја однесов мојата земја на Зимска олимпијада“, изјави Јунгблут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира