СЛОВЕНЕЦОТ ДОМЕН ПРЕВЦ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД СО СКОКОТ ОД 254,5 МЕТРИ НА ПЛАНИЦА

    СЛОВЕНЕЦОТ ДОМЕН ПРЕВЦ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД СО СКОКОТ ОД 254,5 МЕТРИ НА ПЛАНИЦАПревц го собори рекордот на Австриецот Штефан Крафт од март 2017 (Фото: ФИС)

    Словенецот Домен Превц постави нов светски рекорд во скијачки скокови откако на завршницата на сезоната на Планица оствари скок од 254,5 метри. Тоа сепак не му беше доволно да победи на натпреварот, туку пред него заврши неговиот сонародник Анже Ланишек, за двојно големо славје на домашните гледачи.

    Превц, кој годинава ја освои светската титула на голема скокалница во Трондхајм, го собори рекордот на Австриецот Штефан Крафт, кој во март 2017 доскокна до 253,5 метри.

    Уште се тресам, ова е неверојатно. Имам чувство како да читам книга или гледам филм и го гледам тој лик како го прави тоа, така што навистина не ми се верува“, изјави 25-годишниот Превц, кој го оствари подвигот пред 17.000 гледачи.

    Тој е помлад брат на Петер Превц, кој има освоено четири олимписки медали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира