Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главниот судија во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, во кое в недела ќе се сретнат Шпанија и Аргентина. Негови први помошници ќе бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачич.
„Во прв момент ми беше шок, а потоа среќа. Неверојатна чест е да се суди финале на светско првенство. Ова е нешто за што сонува секој судија“, изјави 46-годишниот Винчиќ.
Тој дебитираше на светските првенства во Катар пред четири години, а во меѓувреме го судеше финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во 2024.



