СПОРТИНГ ГО ОТКУПИ СТЕФАН РИСТОВСКИ ОД РИЕКА ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    СПОРТИНГ ГО ОТКУПИ СТЕФАН РИСТОВСКИ ОД РИЕКА ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРАГи одигра првите минути за Спортинг во Лигата на шампионите. - Стефан Ристовски (Фото: А Бола)

    Само месец и пол откако го доведе на заем, Спортинг Лисабон целосно го откупи договорот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од Риека.

    Како што објави португалскиот спортски весник „А Бола“, вредноста на овој трансфер изнесува 2,25 милиони евра, но хрватскиот шампион може да добие и дополнителни 225.000 евра, во зависност од настапите на Ристовски, како и процент од неговиот иден трансфер.

    Ристовски (25) ја напушти Риека, каде што помина две сезони, среде квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи тренерот на Спортинг, Жорже Жезус, инсистираше веднаш да го има на располагање.

    Тој се уште нема дебитирано во домашното првенство, но затоа одигра неколку минути во првото коло на Лигата на шампионите и беше првотимец на куп-натпревар, со што автоматски се активираше клаузулата за откуп на неговиот договор со Риека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира