СТРЕЛАЧКАТА МОЈСОВСКА ГО ЗАЗЕДЕ 31. МЕСТО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ

    СТРЕЛАЧКАТА МОЈСОВСКА ГО ЗАЗЕДЕ 31. МЕСТО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗМојсовска оствари вкупен резултат од 625,3 поени (Фото: МОК)

    Стрелачката Анастасија Мојсовска не се пласираше во финалето на дисциплината воздушна пушка на 10 метри на Олимписките игри во Париз.

    Дваесет и двегодишната Мојсовска оствари вкупен резултат од 625,3 поени по шесте серии пукање во квалификациите, со што го зазеде 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки. Овој резултат е послаб од нејзиниот личен рекорд од 628,8 поени.

    Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, САД, Германија, Бразил и други. За влез во финалето беа потребни 631,3 кругови, односно ни фалеа само шест круга“, изјави селекторот Тасевски.

    Првото место го освои Јужнокорејката Хјоџин Бан со 634,5 поени, што е нов олимписки рекорд во квалификациите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира