Светската рекордерка во маратон Рут Чепнгетич е суспендирана поради користење забранета супстанца. Таа имала позитивен тест на диуретикот хидрохлоротијазид (ХЦТЗ) откако ѝ бил земен примерок на 14 март и сега се соочува со двегодишна забрана за натпреварување.
Триесетгодишната Кенијка постави нов светски рекорд на маратонот во Чикаго во октомври 2024, кога истрча време од два часа, девет минути и 56 секунди. Таа се повлече од маратонот во Лондон во април, каде што требаше да биде главна ѕвезда, велејќи дека не е во добра ментална и физичка состојба.
Атлетските власти кажаа дека таа прифатила доброволна суспензија додека истрагата е во тек.
Чепнгетич освои сребро на маратонот на Светското првенство во 2019 и потоа трипати славеше на маратонот во Чикаго.
ХЦТЗ се користи за лекување на задржување на течности и за хипертензија и е забранет во секое време според Кодексот на Светската антидопинг агенција.