СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2030 ЌЕ СЕ ИГРА ВО ШЕСТ ДРЖАВИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ

    СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2030 ЌЕ СЕ ИГРА ВО ШЕСТ ДРЖАВИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИАргентина ќе биде еден од домаќините во 2030 (Фото: Гети)

    Светското фудбалско првенство во 2030 година ќе се игра во шест држави на три континенти, објави ФИФА. Како кодомаќини се именувани Шпанија, Португалија и Мароко, но првите три меча ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај за да се одбележи 100-годишнината од првиот мундијал, одржан во Уругвај.

    Одлуката треба да биде потврдена на конгресот на ФИФА следната година.

    Истовремено беше соопштено дека за Светското првенство во 2034 ќе се разгледуваат само кандидатурите од Азија и Океанија, по што Саудиска Арабија веднаш потврди дека ќе се кандидира за организатор.

    „Во денешниот поделен свет, фудбалот обединува. Во 2030 ќе имаме уникатен глобален отпечаток: три континети и шест држави ќе му посакаат добредојде на светот и ќе го обединат преку оваа прекрасна игра“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

    Првиот меч од СП 2030 ќе се игра во Уругвај, а следните два во Аргентина и Парагвај. Првенството, на кое ќе учествуваат 48 репрезентации, потоа ќе се пресели во северна Африка и Европа. Промената на хемисферата значи дека тимовите ќе играат во две различни годишни времиња на едно првенство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира