ТАТКО МИ МЕ ТЕПАШЕ И МЕ ПЛУКАШЕ, ОТКРИ ТЕНИСЕРКАТА ЈЕЛЕНА ДОКИЌ ВО АВТОБИОГРАФИЈАТА

    ТАТКО МИ МЕ ТЕПАШЕ И МЕ ПЛУКАШЕ, ОТКРИ ТЕНИСЕРКАТА ЈЕЛЕНА ДОКИЌ ВО АВТОБИОГРАФИЈАТАНајголемиот успех на Јелена Докиќ беше четвртото место на ВТА листата во 2002 година по што падна на 600. место поради повреди и депресија. - Дамир и Јелена Докиќ (Фото: АП)

    Поранешната австралиска тениска ѕвезда Јелена Докиќ вели дека уште од најрана возраст нејзиниот татко редовно ја тепал и ја удирал. Тој ја тегнел за коса, ѝ плукал во лице и ја навредувал.

    „Ме тепаше навистина лошо. Тоа почна уште од првиот ден кога почнав да играм тенис. Потоа продолжи и излезе од контрола“, пишува 34-годишната Докиќ во нејзината автобиографија.

    Откако загуби од Линдзи Девенпорт во полуфиналето на Вимблдон во 2000 година, Докиќ кажа дека татко ѝ Дамир, кој беше и нејзин тренер, ѝ рекол да не се враќа во хотелот каде што престојуваше нејзиното семејство. Таа била толку потресена што се обидела да спие во соблекувалната на Вимблдон, пред организаторите да ѝ најдат сместување.

    Дамир Докиќ живее во Србија и не одговарал на повиците на австралиските медиуми.

    Најголемиот успех на Јелена Докиќ беше четвртото место на ВТА листата во 2002 година по што падна на 600. место поради повреди и депресија. Но, во 2009 година успеа да стигне до четврт-финалето на Австралијан Опен и тогаш кажа дека со години веќе не комуницира со татка си. Се повлече од тенисот во 2012 година со пет турнирски титули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира