ТРОЈЦА СТРАНСКИ НАВИВАЧИ КОЛАБИРАЛЕ ОД ЖЕШКОТО

    ТРОЈЦА СТРАНСКИ НАВИВАЧИ КОЛАБИРАЛЕ ОД ЖЕШКОТОНавивачи на Манчестер Јунајтед на улица Македонија кај фан зоната на платото кај спомен-куќата на Мајка Тереза. (Фото: Г. Трпеноски)

    Тројца странски навивачи колабирале од високите температури, велат од службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје. Дежурните лекари објаснуваат дека во изминатото деноноќие во Брза помош медицинска грижа побарале тројца странски навивачи, кои колабирале од жешкото.

    „Засега бројот на повици е стандарден, односно имаме по стотина повици дневно. Немаме повици за алкохолизирани граѓани, ниту за странски навивачи кои претерале со пиење. Повиците се главно за колапси, мозочни удари, срцеви удари и од хринично болни пациенти“, велат од Брза Помош.

    На Клиниката за токсикологија, која заедно со Брза помош, овие два дена во пресрет на Супер купот, се дежурни, засега нема пациенти од странските навивачи или гости. за пруање помош.
    „Засега немаме странци. Бројот на пациенти е стандарден, 50 дневно. Најчесто се колапси и мозочни удари, а дневно десетина и хронични пациенти што имаат проблем со алкохол. Покрај стандардната дежурна екипа, за вечерва ангажиравме уште две. Апелирам до жителите на Скопје ако имаат некаков здравствен проблем овие неколку дена помош да бараат во градската болница ‘8 септември’, за да бидат нашите капацитети слободни за странските гости“, вели д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира