ЦЕЛИОТ ТИМ НА МАРОКО ШТО СЕ ПЛАСИРАШЕ НА МУНДИЈАЛОТ Е РОДЕН ВО ЕВРОПА

    ЦЕЛИОТ ТИМ НА МАРОКО ШТО СЕ ПЛАСИРАШЕ НА МУНДИЈАЛОТ Е РОДЕН ВО ЕВРОПАМароко ќе игра на светско првенство за првпат од 1998 година (Фото: Гети)

    По 20 години пауза, фудбалерите на Мароко изборија пласман на Светското првенство 2018 во Русија, откако на гостински терен го совладаа Брегот на Слонова Коска со 2:0.

    Од 11-темина првотимци кои настапија на натпреварот во Абиџан само еден играч е роден во Мароко, додека сите останати се деца на доселеници во Европа.

    Четворица се родени во Холандија и уште толку во Франција, а двајца во Шпанија. Исклучок е бекот Набил Дирар, кој е роден во Казабланка, но и тој пораснал во Белгија.

    Токму во Белгија живее голема мароканска заедница, која бурно го прослави успехот на своите репрезентативци. Во нередите што уследија по натпреварот, во Брисел биле повредени 20-ина полицајци.

    Слични сцени имало и во Холандија, на улиците на Хаг, каде што полицијата била гаѓана со тврди предмети.

    Освен Мароко, Африка на Мундијалот ќе ја претставуваат и Тунис, Нигерија, Египет и Сенегал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира