ВАРДАР ИМА РЕТКА ШАНСА ДА СТАНЕ ПРВИОТ ТИМ ВО ФАЗА НА ГРУПИ НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ, ВЕЛИ НОВИОТ ТРЕНЕР ЈАНЕВСКИ

    ВАРДАР ИМА РЕТКА ШАНСА ДА СТАНЕ ПРВИОТ ТИМ ВО ФАЗА НА ГРУПИ НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ, ВЕЛИ НОВИОТ ТРЕНЕР ЈАНЕВСКИПоранешниот селектор Чеде Јаневски дојде на местото на Гоце Седлоски, кој завчера поднесе оставка. (Фото: ФК Вардар)

    Новиот тренер на Вардар Чеде Јаневски вели дека „црвено-црните“ имаат ретка шанса да станат првиот тим што ќе обезбеди пласман во групна фаза од европско натпреварување пред вечерашниот дуел со Фенербахче во плејофот на Лига Европа. Јаневски, кој синоќа беше промовиран на тренерската позиција, најави борбеа игра и надигрување со фаворитот од Турција.

    „Кратко време сум тука. Ова вечерва ќе ми биде втор тренинг. Но нема оправдување. Со повеќето играчи од овој тим на Вардар веќе имам искуство кога бев селектор на националниот тим и добро ги познавам. Нашиот утрешен противник Фенербахче е добро анализиран, и како што кажа нашиот капитен, не треба да се трошат зборови за каква екипа станува збор. Вардар има ретка шанса да биде првиот тим кој што ќе обезбеди пласман во групна фаза од европско натпреварување. Ќе има голема борбеност, и ќе биде умешност да се надигра Фенербахче кој што е голем тим во Турција“, изјави на промоцијата Јаневски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира