ВАРДАР СО МОНПЕЛЈЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛН

    ВАРДАР СО МОНПЕЛЈЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛНСледниот противник на Вардар стигна до Фајнл форот иако играше во групите со послаб ранг (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вардар ќе се сретне со Монпелје во полуфиналето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, каде што доаѓа да ја одбрани европската титула, одлучи денешната ждрепка.

    Бидејќи дури три француски екипи се пласираа на Фајнл форот, беше неизбежно две од нив да се паднат во полуфиналето, па најмоќната од нив Пари Сен-Жермен го доби дебитантот Нант, за кој настапува капитенот на Македонија, Кире Лазаров.

    Полуфиналето е на програмата на 26 мај, а борбата за пехарот е наредниот ден.

    Откако се игра ваков формат од сезоната 2009/10, ниту еден клуб не успеал да ја одбрани титулата.

    Монпелје приреди мало чудо оваа сезона, откако стигна до Фајнл форот иако играше со Металург во групите што се со послаб ранг, за потоа да ги елиминира Адемар Леон, Барселона и Флензбург.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира