ВАРДАР НА ЧЕКОР ДО НОВ ПЛАСМАН НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛН ПО ПОБЕДАТА НАД КИЛ ВО ГЕРМАНИЈА

    ВАРДАР НА ЧЕКОР ДО НОВ ПЛАСМАН НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛН ПО ПОБЕДАТА НАД КИЛ ВО ГЕРМАНИЈАМесто шут за победа, Кил ја загуби топката и прими гол од Македа во последната секунда од мечот

    Европскиот првак Вардар направи огромен чекор кон нов пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, откако на гостински терен го совлада ракометниот гигант Кил со 29:28 на првиот натпревар од четвртфиналето.

    Пред повеќе од 10.000 навивачи на Кил, вардарци не само што не потклекнаа на притисокот, туку во поголемиот дел од средбата имаа и водство, додека на голот голем придонес даде Арпад Штербик.

    Последни во напад тргнаа домашните ракометари, но на крајот се радуваа „црвено-црните“. По едно погрешно проигрување, топката заврши во аут, а Хорхе Македа бргу реагираше и буквално во последната секунда го погоди небранетиот гол на Кил.

    Чупиќ, Стоилов и Мораеш, инаку поранешен пикер на Кил, постигнаа по пет гола за Вардар.

    Реваншот се игра в недела во „Јане Сандански“, со почеток во 17 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира