ВО МАРТ ПРВО ИЗДАНИЕ НА ПЛАНИНСКИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКА

    ВО МАРТ ПРВО ИЗДАНИЕ НА ПЛАНИНСКИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКА

    Тимот ТРЕКС и планинарското-спортско друштво Макпетрол објавија дека на 25 март за првпат ќе се одржи планинскиот маратон Водно-Матка.

    Настанот ќе се состои од две трки, полумаратон (23 километри) и маратон (40), што ќе минуваат низ некои од највпечатливите делови и локации на Водно и на кањонот Матка.

    Стартот на двете трки ќе биде кај полициската станица Водно, а целта ќе биде крстот на Водно.

    Пријавувањето за трките е отворено од 10 јануари и ќе трае до 11 март, а максимален број учесници ќе биде 200 за маратонот, односно 300 за полумаратонот.

    Организаторите велат дека нивната цел е ова да стане најголемата трка во планинско трчање во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира