ЗНАМ КАДЕ ЌЕ ГИ ЗАПИШАМ ДЕЦАТА ДА УЧАТ ТЕНИС, КАЖА ФЕДЕРЕР НА ОТВОРАЊЕТО НА АКАДЕМИЈАТА НА НАДАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Мајорка,(АП)

    ЗНАМ КАДЕ ЌЕ ГИ ЗАПИШАМ ДЕЦАТА ДА УЧАТ ТЕНИС, КАЖА ФЕДЕРЕР НА ОТВОРАЊЕТО НА АКАДЕМИЈАТА НА НАДАЛ

    Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал присуствуваше на инаугурацијата на Академија „Рафа Надал со Мовистар“ на неговиот роден остров Мајорка. Надал беше во друштво на неговиот долгогодишен ривал Рожер Федерер во родниот град Манакор.

    „Многу сум среќен што сум тука. Знам каде би ги пратил децата ако сакаат да учат да играат тенис“, рече Федерер.

    Академијата што почна со работа во јуни нуди комбинација од тенис со школување за надежни тенисери на возраст од 12 до 18 години. Една од целите е да им се помогне на учениците кои нема да станат професионалци по завршувањето на школата да најдат стипендии за студирање во САД.

    Академијата ја води Тони Надал кој му е тренер и чичко на Рафа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира