ЅВЕЗДЕНИОТ ТИМ НА ВАРДАРКИ ЌЕ СЕ РАСТУРИ БЕЗ ЕВРОПСКА ТИТУЛА

    ЅВЕЗДЕНИОТ ТИМ НА ВАРДАРКИ ЌЕ СЕ РАСТУРИ БЕЗ ЕВРОПСКА ТИТУЛАВардар наесен ќе има сосема друг изглед и ова му беше последна шанса да ја освои Лигата на шампионите

    Приказната на Кометал Ѓорче Петров останува неповторена.

    Ракометарките на Вардар не ја искористија и својата последна шанса да се закитат со титулата европски првак, откако во драматичното финале на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Будимпешта загубија од Ѓер со 26:27, и тоа по дополнителни десет минути игра.

    И ова не е само крај на еден сон, ова е крај и на најамбициозното и најуспешно поглавје во историјата на клубот, бидејќи овој тим на Вардар целосно се растура на крајот на сезоната. Сите ракометарки веќе имаат пронајдено нов клуб, а Вардар ќе има еден сосема друг изглед наесен и нема да биде веќе никаков фактор ни во Лигата на шампионите, ни во европскиот ракомет.

    Вардарки прокоцкаа голема шанса во регуларните 60 минути, примајќи гол на десет секунди до крајот, а неверојатното промашување на Чанаџија во завршните моменти од продолженијата и дефинитивно го остави овој ѕвезден тим без европска титула.

    Ѓер е првата екипа која успеала да ја одбрани титулата откако се играат завршни турнири, а вардарки за пет години впишаа три трети и две втори места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира