Десетмина загинаа во пукање во Дејтон, Охајо, соопшти локалната полиција. Според полицијата во Дејтон, меѓу загинатите е и осомничениот напаѓач, а во инцидентот се повредени 16 лица.
Пукањето се случи во областа Орегон, популарна меѓу туристи и локални жители, полна со ресторани и кафулиња.
Пукањето во Дејтон се случи само неколку часа откако 20 луѓе беа убиени и уште 26 беа повредени во Ел Пасо, Тексас, каде што вооружен напаѓач почна да пука во „Волмарт“.