100 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА УБИСТВОТО НА СРПСКИОТ НОВИНАР ЌУРУВИЈА

    100 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА УБИСТВОТО НА СРПСКИОТ НОВИНАР ЌУРУВИЈАОстана неоткриено кој го наредил убиството на Ќурувија во април 1999

    Вкупно 100 години затвор добија четворицата организатори на убиството на српскиот новинар Славко Ќурувија, откако денеска беа прогласени за виновни во Специјалниот суд во Белград.

    Некогашните шефови на Државна безбедност (ДБ) Радомир Марковиќ и Милан Радоњиќ се осудени на по 30 години затвор, додека тогашните оперативци на ДБ Мирослав Курак и Ратко Ромиќ добија по 20 години.

    Од пресудата се дознава дека останува непознато кој пукал во Ќурувија, а четворицата осудени, од кои Курак е во бегство, го подготвиле теренот за ликвидацијата. Марковиќ веќе отслужува затворска казна од 40 години за четирикратното убиство на Ибарска магистрала во 1999 година.

    Убиството на Славко Ќурувија, што се случи на 11 април 1999 за време на НАТО-бомбардирањето на Србија, стана симбол на бруталноста на режимот на Слободан Милошевиќ. Остана неоткриено кој го наредил убиството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира