11 ЗАГИНАТИ ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА ГАС ВО ИНДИЈА

    11 ЗАГИНАТИ ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА ГАС ВО ИНДИЈАПолициските службеници патролираат облечени во заштитна опрема. (Фото: Синхуа)

    Единаесет лица загинаа, а девет се хоспитализирани по истекување на гас во Лудијана во северната индиска држава Пинџаб, изјави пратеничката Раџиндер Пал Каур Чина. Таа додаде дека екипи од Националните сили за одговор при катастрофи ја утврдуваатт причината и изворот на истекувањето.

    Полициските службеници патролираат облечени во заштитна опрема и побарале од локалното население да стои настрана од опкружената област.

    „Несреќата се случи во близина на продавница за млеко и лекарска ориднација, иако не можеме со сигурност да кажеме каде започна истекувањето“, изјави Чина.

    „Луѓето кои дојдоа да купат млеко наутро, надвор се онесвестија“, рече таа.

    Главниот министер на Пинџаб, Багвант Ман, на Твитер објави дека истекувањето било од фабрика, без да даде дополнителни детали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира