12 МРТВИ ОТКАКО РУСКИ БОМБИ ПОГОДИЈА СУПЕРМАРКЕТ ВО ХАРКИВ

    12 МРТВИ ОТКАКО РУСКИ БОМБИ ПОГОДИЈА СУПЕРМАРКЕТ ВО ХАРКИВЗеленски кажа дека во моментот на нападот во супермаркетот имало повеќе од 200 луѓе (Фото: Телеграм)

    Бројот на загинати во вчерашниот руски напад на Харкив, кога беше погоден супермаркет, порасна на 12, а 43 лица се повредени. Локалните власти кажаа дека местото било погодено со две лизгачки бомби, по што избувна голем пожар.

    Претседателот Володимир Зеленски кажа дека во моментот на нападот во супермаркетот имало повеќе од 200 луѓе. Гувернерот на харкивскиот регион Олег Синехубов претходно изјави дека 16 луѓе се водат како исчезнати.

    Овој напад е уште една манифестација на руското лудило“, изјави Зеленски.

    Русија во последно време ја зголеми употребата на лизгачки бомби во нападите врз Украина, вклучувајќи ја и последната офанзива во харкивскиот регион. Станува збор за стари советски бомби надградени со сателитска навигација, со кои Русија доби евтино, но прецизно и уништувачко оружје. Зеленски кажа дека Русија само во март фрлила 3.000 вакви бомби врз Украина и тие имале клучна улога во руското освојување на Авдиивка во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира