Тринаесетгодишно девојче родило машко бебе во Мисисипи откако било силувана од странец и потоа не ѝ било дозволено да абортира. Мајката на девојчето барала опции за абортус, но ѝ било кажано дека процедурата најблиску може да се изведе во Чикаго, оддалечено речиси девет часа возење од нивниот дом во Кларкдејл, Мисисипи.
„Тоа ни беше прескапо. Немавме пари за сите трошоци“, изјави мајката Реџина.
Ова е последната во серијата ужасни лични приказни откако врховниот суд на САД го укина федералното право на абортус. Од таа одлука, 14 сојузни држави донесоа закони со кои абортусот стана нелегален, објави Центарот за репродуктивните права.
Минатото лето, само една недела по донесувањето на пресудата, локален весник од Охајо објави дека 10-годишно девојче кое било силувано морало да патува до Индијана за да абортира. Мажот кој ја силувал минатиот месец беше осуден на доживотен затвор.