БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 14-ГОДИШНИК ЗА УБИСТВОТО СО КОЛЕЦ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СОНЧЕВ БРЕГ

    БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 14-ГОДИШНИК ЗА УБИСТВОТО СО КОЛЕЦ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СОНЧЕВ БРЕГТелото на 49-годишниот македонски државјанин е пронајдено во шумска област во Сончев Брег (Фото: БГНЕС)

    Четиринаесетгодишник е уапсен за убиството на македонски државјанин во Сончев Брег, објави бугарската полиција.

    Регионалната канцеларија во Несебар вчера во 11:14 часот примила повик дека тело на маж со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска област во Сончев Брег. Полицијата утврди дека жртвата е 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија на 24 јануари.

    По спроведените испрашувања и прегледувањето на снимките од безбедносните камери во областа, полицијата во рок од 24 часа привела 14-годишно момче од Несебар. Според обвинителството, тој го извршил убиството удирајќи ја жртвата со остар колец. Мотивот на убиството засега не е познат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира