14-ГОДИШНИК ПОЧИНА ОД ВИРУСОТ НИПА ВО ИНДИЈА

    14-ГОДИШНИК ПОЧИНА ОД ВИРУСОТ НИПА ВО ИНДИЈАСтапката на смртност може да биде висока, зашто не постојат лек и вакцина за оваа болест (Фото: Гети)

    Здравствените власти на индиската сојузна држава Керала издадоа предупредување откако 14-годишно момче починало од вирусот нипа. Идентификувани се уште стотина луѓе кои биле во високоризична категорија на заболување. Момчето починало само еден ден откако имало позтивен тест.

    На луѓето во оваа област им е препорачано да носат маска на јавни места и да се воздржат од одење во болнички посети.

    Вирусот нипа се пренесува од животни, како свињи и лилјаци, врз луѓе, вели Светската здравствена организација (СЗО). Таа го опиша вирусот како приоритетен патоген зашто има потенцијал да предизвика епидемија. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, повраќање и воспалено грло, што може да премине во посериозни здравствени проблеми, како енцефалитис.

    Стапката на смртност може да биде висока, зашто не постојат лек и вакцина за оваа болест.

    Според СЗО, првите две ширења на нипа биле забележани во индиската држава Западен Бенгал во 2011 и 2017, а во 2018 починале 17 луѓе во Керала. Оттогаш, со овој вирус биле поврзани десетици смртни случаи во Керала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира