14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ПО ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ВО ТУРСКИОТ ГРАД МАРМАРИС

    14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ПО ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ВО ТУРСКИОТ ГРАД МАРМАРИСГувернерот на Мармарис изјави дека 69 лица се повредени откако скокнале од повисоки места (Фото: Анадолу)

    Едно дете почина откако земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтерова скала го погоди западниот брег на Турција ноќеска, околу 2:15 часот по локално време. Турските власти кажаа дека земјотресот најмногу се почувствувал во крајбрежниот град Мармарис, каде што 14-годишно девојче било хоспитализирано поради напад на паника, по што починало.

    Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, изјави дека 69 лица се повредени откако скокнале од повисоки места за време на земјотресот.

    Епицентар на земјотресот бил во Средоземното Море и се почувствувал и во соседните области, вклучувајќи го грчкиот остров Родос. Грчките медиуми објавија дека има мали штети на островот, но нема повредени.

    Не треба да бидеме загрижени за ваков вид земјотреси“, изјави грчкиот сеизмолог Ефтимиос Лекас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира