14 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ГРЦИЈА ЗА КОИ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА БИЛЕ ОД БИБЛИСКИ РАЗМЕРИ

    14 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ГРЦИЈА ЗА КОИ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВЕЛАТ ДЕКА БИЛЕ ОД БИБЛИСКИ РАЗМЕРИНајпогодени се градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара, западно од Атина (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 14 луѓе загинаа, а десетици се повредени во поплавите што ја погодија околината на Атина по обилните врнежи, предизвикувајќи уништувања од како што велат локалните власти „библиски размери“.

    Најпогодени се индустриските градови Мандра, Неа Перамос и Мегара, западно од грчката престолнина.

    Повеќето од загинатите се постари луѓе, чии тела беа пронајдени во нивните домови, додека патишта се затрупани од огромни количеста кал.

    „Сѐ е изгубено. Катастрофата е библиска“, изјави градоначалничката на Мандра, Јијана Крикуки.

    Најмалку 13 луѓе се превезени во болница, а некои сѐ уште се водат како исчезнати. Дел од автопатот Атина-Коринт е пропаднат, а поплавите уништија и електрична мрежа.

    Атина и околината и во наредните денови ги очекуваат неповолни временски услови (Фото: Ројтерс)

    „Автомобили се заглавени во купишта кал, домови се поплавени, луѓе се исчезнати. Бројот на смртни случаи би можел да биде и поголем. За жал, неповолната временска прогноза ќе продолжи сѐ до викендот. Сцените што ги видов се катастрофични“, кажа грчкиот министер за јавен ред и цивилна заштита, Никос Тоскас.

    Делови од Грција се погодени од силен дожд цела недела, а големо невреме се предвидува за Атина и за западниот дел на државата и во наредните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира