Најмалку 20 луѓе загинаа, а 37 се повредени во денешниот руски воздушен напад врз регионот Доњецк и врз населено место во регионот Харкив.
Добропилја, град кој се наоѓа близу Покровск, била нападната со балистички проектили, ракети и дронови, при што е оштетена осумкатна станбена зграда. Притоа загинале 11 луѓе, од кои пет деца, а 30 се ранети.
Министерството за внатрешни работи објави и за три смртни случаи во напад со дронови во регионот Харкив.
„Ваквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети. Затоа мора да се засили нашата противвоздушна одбрана и да се зајакнат санкциите против Русија“, изјави Володимир Зеленски.
Русија изведе жесток воздушен напад и вчера, при што цел беа енергетската и гасната инфраструктура на Украина. Само ден претходно, САД кажаа дека престанале да ѝ даваат разузнавачки информации на Украина.
„Мислам дека Владимир Путин го прави она што сите би го правеле“, кажа Трамп по вчерашниот напад.