16,8 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

    16,8 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТНевработеноста во САД во април би можела да достигне до 15% (Фото: АП)

    Вкупно 16,8 милиони Американци останале без работа во последните три недели, што само ја нагласува застрашувачката брзина со која пандемијата на коронавирусот ги фрли на колена светските економии.

    Дополнителни 6,6 милиони Американци се пријавиле за бенефиции за невработени во последните седум дена, објави Министерството за труд. Ова е најбрзо зголемување на бројот на невработени од 1948 година, кога почнала да се води евиденција.

    За да ја помогне економијата, Федерални резерви ќе ослободи уште 2,3 трилиони (2.300 милијарди) долари за заеми.

    Економската криза во САД сѐ повеќе се продлабочува додека бројката заразени со коронавирусот порасна на 430.000. Моментално, околу 95% Американци живеат во некоја форма на карантин, што доведе до затворање на голем број бизниси. Невработеноста во САД во април би можела да достигне до 15%.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира