16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ЗАТВОРЕНО ВО „МЕНСТРУАЛНА КОЛИБА“, ОБИЧАЈ ЗАБРАНЕТ СО ЗАКОН ВО НЕПАЛ НО ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА

    16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ЗАТВОРЕНО ВО „МЕНСТРУАЛНА КОЛИБА“, ОБИЧАЈ ЗАБРАНЕТ СО ЗАКОН ВО НЕПАЛ НО ПОВТОРНО СЕ ВРАЌАДевојчето починало од каснување од змија додека спиела во колибата протерана оти имала менструација. (Фото: Ројтерс)

    Шеснаесетгодишно девојче од Непал почина како последица на нелегалниот обичај наречен чаупади, при што жените со менструација се принудени да престојуваат во колиби надвор од нивните домови. Се претпоставува дека Анита Чанд, од областа Баитади на западот на земјата, на границата со Индија, починала во средата од каснување од змија додека спиела. Нејзината смрт е првата пријавена смртност од чаупади од 2019 и активистите стравуваат дека напредокот за елиминирање на обичајот е еродиран.

    Чаупади се заснова на вековното верување дека жените и девојчињата се нечисти и недопирливи за време на менструацијата. Не им е дозволено да вршат низа активности, а во некои случаи се протерани во „менструални колиби“ за времетраењето на месечниот циклус. Обичајот, кој има врски со хиндуизмот, е длабоко вграден во западен Непал. Незаконски е од 2005 година, чаупади се казнува со затвор до три месеци и парична казна од 20 фунти. Полицијата во областа Баитади соопшти дека ја истражува смртта на Анита. Нејзиното семејство негираше дека имала менструација кога починала.

    „Работиме да ја прекинеме оваа практика, но сè уште има многу да направиме“, рече Бина Бхата, заменик-претседател на руралната општина Панчешвар во Баитади.

    Последната пријавена смрт од чаупади беше во 2019. Парвати Буда Рават (21) почина откако помина три ноќи во колиба на отворено. Нејзината смрт беше петти пријавен случај таа година. Жените и девојчињата умирале од напади на животни и од вдишување чад откако палеле оган во колибите без прозорци. Деверот на Рават беше осуден на три месеци затвор. Нејзината смрт поттикна програми и кампањи низ целата земја да го прекинат обичајот. Илјадници менструални колиби беа уништени, но се чини дека тие почнуваат повторно да се градат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира