Најмалку 18 лица загинаа, а 57 се ранети во самоубиствен бомбашки напад надвор од едукативен центар во главниот град на Авганистан, Кабул. Министерот за внатрешни работи Тарик Араин кажа дека експлозијата се случила доцна попладнево, на приватен имот, каде се одржуваат курсеви за студенти од повисокото образование. Вообичаено во тој дел има стотици студенти.
„Напаѓачот сакал да влезе внатре, но бил спречен од обезбедувањето, по што ја детонирал бомбата во дворот“, изјави тој.
Сѐ уште не е познато кој стои зад нападот, бидејќи Талибанците ја негираа одговорноста. Властите соопштија дека голема е бројката на хоспитализирани лица и стравуваат дека ќе расте бројката на загинати.