Северна Кореја објави дека лансирала два балистички проектила за да симулира нуклеарен напад на воени цели во Јужна Кореја. Според државните медиуми, тестовите биле предупредување против распоредувањето на американски стратешки бомбардери во регионот.
„Севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун ја надгледуваше вежбата, подготвувајќи ги воените заповедници за сеопшта војна против Јужна Кореја“, објавија државните медиуми.
Јужнокорејските медиуми кажаа дека проектилите биле испукани од источниот брег околу полноќ и ова доаѓа среде годишните воени вежби на Вашингтон и Сеул. Северна Кореја секогаш ги осудуваше овие заеднички вежби како американска подготовка за војна.
„Проектилите беа испукани како вежба за тактички нуклеарен напад на главни командни центри и оперативни аеродроми во Јужна Кореја. Вежбата имаше за цел да испрати порака до непријателите кои нè предизвикуваат со воени закани како што е распоредување стратешки нуклеарни средства, и покрај нашите постојани предупредувања“, соопшти армијата на Северна Кореја.
Северна Кореја оваа година изведе рекорден број тестови на оружје, а последниот се случи ден пред завршувањето на 11-дневните воени вежби на САД и Јужна Кореја. Вежбите вклучуваат најмалку еден американски стратешки бомбардер кој лета над корејскиот полуостров.