25 ДЕЦА МЕЃУ 27-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ВОЕН АВИОН ВО БАНГЛАДЕШ, КОЈ СЕ УРНА ВО УЧИЛИШТЕ

    25 ДЕЦА МЕЃУ 27-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ВОЕН АВИОН ВО БАНГЛАДЕШ, КОЈ СЕ УРНА ВО УЧИЛИШТЕАвионот „Ф-7“, кој бил на рутински тренинг-лет, се урна набргу по полетувањето (Фото: АП)

    Најмалку 25 деца се меѓу 27-те тела извлечени од уништените згради откако авион на воздушните сили на Бангладеш вчера се урна во училиштен кампус во главниот град Дака. Властите кажаа дека 88 луѓе, најголем дел ученици, се во болница.

    Авионот „Ф-7“, кој бил на рутински тренинг-лет, се урна набргу по полетувањето од воздушната база во градот. Војската кажа дека авионот претрпел механички дефект пред да се урне и дека пилотот е меѓу загинатите.

    Во несреќата загинаа 25 деца, пилотот и еден наставник“, изјави Саједур Рахман, помошник на главниот советник за здравство.

    Ф-7“ е последната и најразвиена варијанта на кинескиот авион „ченгду Ј-7/Ф-7“. Во 2011 Бангладеш потпишал договор за купување 11 вакви авиони, од кои последниот бил испорачан во 2013.

    Авионот за обука ‘Ф-7‘, произведен во Кина, доживеал технички дефект неколку моменти по полетувањето. Пилотот се обидел да го пренасочи авионот кон помалку населено подрачје пред да се урне во кампусот на училиштето и колеџот ‘Мајлстоун‘“, соопшти војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира