27-ГОДИШНИОТ ЖОРДАН БАРДЕЛА ЈА НАСЛЕДИ МАРИН ЛЕ ПЕН КАКО ЛИДЕР НА ФРАНЦУСКАТА КРАЈНА ДЕСНИЦА

    27-ГОДИШНИОТ ЖОРДАН БАРДЕЛА ЈА НАСЛЕДИ МАРИН ЛЕ ПЕН КАКО ЛИДЕР НА ФРАНЦУСКАТА КРАЈНА ДЕСНИЦАЖордан Бардела важи за штитеник на Марин Ле Пен (Фото: АФП)

    Дваесет и седумгодишниот Жордан Бардела е избран за нов лидер на француската крајнодесничарска партија Национален марш (НР) и наследник на Марин Ле Пен. Тоа значи дека за првпат од основањето на партијата во 1972 година на нејзиното чело нема да биде член на семејството Ле Пен.

    На внатрепартиските избори, Бардела го победи двојно повозрасниот Луј Алио, градоначалник на Перпињон и бивш партнер на Ле Пен, освојувајќи 85% гласови. Бардела е роден во Париз, на 16 години станал член на НР и важеше за штитеник на Ле Пен.

    Жан-Мари Ле Пен во 2011 го предаде водството на Националниот фронт на најмладата од своите три ќерки, која во 2018 го промени името на партијата и се трудеше да ја дистанцира од ксенофоби и неонацисти. Во 2015, таа дури го исклучи татко ѝ од партијата.

    Откако двапати изгуби од Емануел Макрон на претседателските избори, Марин Ле Пен оваа година ја предводеше партијата до најдобриот резултат на парламентарните избори, со освоени 89 пратенички места.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира